Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Албански медиуми: САД- црна листа за албанските политичари; Косово и Србија денеска ќе ги достават своите предлози за користење на српскиот динар; забележани српски вооружени сили до косовската граница

Според американскиот помошник секретар Тод Робинсон, на САД им е јасно дека нон-грата ознаките на Стејт департментот треба да продолжат за сите оние политички или подземни експоненти кои се впуштаат во коруптивни практики.

Косово и Србија денеска ќе ги достават своите предлози за користење на српскиот динар во Косово, додека следната недела повторно ќе се сретнат во Брисел за да разговараат за опциите.

АЛБАНИЈА

Перископи: Американскиот помошник секретар вели дека ќе продолжи со „нон грата“ за корумпираните во Албанија

Според американскиот помошник секретар Тод Робинсон, на САД им е јасно дека нон-грата ознаките на Стејт департментот треба да продолжат за сите оние политички или подземни експоненти кои се впуштаат во коруптивни практики.

Робинсон ја истакна безусловната поддршка на Специјалното обвинителство на СПАК во борбата против корупцијата на високи нивоа и ја означи како „фантастична“ работата на обвинителите во високото истражно тело, што тој самиот ја смислил, пренесе Перископи.

Досја: Одобрена е Националната стратегија за социјална заштита 2024-2030 година, се планира да се потрошат 2,3 милијарди евра за ублажување на сиромаштијата

Трошоците за имплементација на националната стратегија за социјална заштита за периодот 2024-2030 година се проценуваат на 2,3 милијарди евра, при што 96% од сумата низ годините ќе се покрива од државниот буџет.

Одлуката „За одобрување на Националната стратегија за социјална заштита 2024-2030 година и акциониот план за нејзино спроведување“ е објавена во Службен весник. Преку него е насочено кон ублажување на сиромаштијата на секој поединец на потреба и подобрување на условите за живот на лицата со попреченост преку поддршка со финансиски шеми.

Оваа стратегија, меѓу другото, има за цел и проширување на социјалните услуги и консолидација на процесот на децентрализација на службата за социјална заштита за стабилно финансирање и проширување на географската покриеност, пренесе Досја.

КОСОВО

Сури: Денеска истекува рокот кога Косово и Србија треба да излезат со предлози за решавање на проблемот со динарот

Косово и Србија денеска ќе ги достават своите предлози за користење на српскиот динар во Косово, додека следната недела повторно ќе се сретнат во Брисел за да разговараат за опциите.

Двете страни на средбата на ниво на главни преговарачи што ја имаа во вторник, се обврзаа до 22 март да ги достават своите предлози за решавање на прашањето за користењето на српскиот динар на Косово, пренесе Сури.

РТВ 21: Српски вооружени сили се приближуваат кон Косово

Косовскиот премиер Албин Курти објави видео со српски вооружени сили се блиску до границата со Косово, пренесува ТВ21.

Курти  потсети на изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ каде јавно му се закануваше на Косово. Во меѓувреме, тој информира дека во текот на денот се видени воени единици и ги уверува граѓаните дека со зголемено внимание ја следат состојбата.

КОЛУМНА

Коха: Моќта на зборовите

„Две децении по војната, малку нешта се променети во Србија. Политичкиот наратив на денешното српско раководство се разликува само по нијанси од вокабуларот од 90-тите. Ако нешто научивме од трагедиите во 90-тите, тоа е дека по воинствените зборови на српските лидери, самиот воен чин не чека долго.“, пишува авторот Демуш Шаша во колумната “Моќта на зборовите“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири/ ЦивилМедиа

Треба да знаете
Moже да ве интересира