Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Албанскиот фудбалер Даку кој ги навреди Македонците ќе добие казна во матичниот руски клуб

Мирљинд Даку, репрезентативецот на Албанија, ќе се соочи со санкции и по враќањето од ЕП 2024.

По мечот со Хрватска преку мегафон испрати навредливи пораки против Македонија, а поради тоа ќе биде казнет од неговиот матичен клуб Рубин од Казан.

Иако Даку се извини по натпреварот, клубот реши да го санкционира неговото скандалозно однесување.

„По натпреварот на ЕП 2024 за селекцијата на Албанија против Хрватска, напаѓачот Мирљинд Даку упати навредливи извици. Нашиот клуб ја препознава одговорноста за ситуацијата. ФК Рубин претставува мултинационален тим и секогаш се придржува до принципите на почит и еднаквост. Категорично ги осудува сите форми на дискриминација и навреди на национална, верска или расна основа, по враќањето во клубот, играчот ќе биде подложен на дисциплински и финансиски санкции за да нема слични инциденти во иднина“, се вели во соопштението на Рубин.

Даку е роден во Гњилане, кратко настапуваше за репрезентацијата на Косово, но потоа реши да игра за Албанија.

Треба да знаете
Moже да ве интересира