Аријана Гранде привремено ќе се повлече од јавните настапи и медиумските појавувања по завршувањето на актуелната турнеја „Eternal Sunshine“, потврди нејзин претставник. Не станува збор за трајно повлекување од музиката, туку за пауза од работните обврски што подразбираат постојано присуство во јавноста.
Последниот концерт од турнејата е закажан за 1 септември во Лондон. Од нејзиниот тим наведуваат дека пејачката сака турнејата да ја заврши во добра физичка и емоционална состојба, а потоа да се оддалечи од „бескрајниот јавен притисок“ и постојаните коментари за нејзиниот изглед и приватниот живот.
Како дел од одлуката, Гранде се откажа од учеството во лондонската постановка на мјузиклот „Sunday in the Park with George“, во која требаше повторно да настапи со актерот Џонатан Бејли. Продуцентите соопштија дека ја разбираат и ја поддржуваат нејзината одлука, додека претставата ќе биде изведена во 2027 година со друга актерка во главната улога.
Засега не е соопштено колку долго ќе трае паузата и кога Гранде повторно би можела да се врати на концертите и јавните настапи. Таа и претходно најавуваше дека турнејата во 2026 година може да биде нејзина последна во подолг период, бидејќи сака повеќе време да посвети на актерството и на други проекти.
