„Армија“ од ботовски профили со антиалбански и антизападен наратив во  координирана акција за дискредитирање на Пендаровски

Стотици корисници на социјалната мрежа Х (Твитер) вмрежени меѓу себе, кои со години наназад шират антиалбански и антизападни ставови и позиции создавајќи лажни вести, изминативе денови започнаа координирана акција за дискредитирање на актуелниот претседател на државата Стево Пендаровски, пишува денеска порталот Actuale.mk.

Нашето истражување, пишува порталот, лоцираше најмалку 120 профили на социјалната мрежа Х кои огромен дел од објавените содржини ги насочуваат како напад кон претседателот на државата.

Скоро сите овие профили (кои поради вмреженоста на социјалните мрежи се нарекуваат и „ботови“) очигледно според анализата на објавите и редоследот се оркестририрани и со поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, со антиалбански и антизападен наратив и секако со бројни лажни вести насочени кон секого кој не се согласува со ставовите на опозициската партија.

Најголем дел од овие лажни профили датираат од времето на референдумот за името или се отворени во последните 2-3 години, а многу често може да се забележи дека споделуваат и проруски содржини на своите профили.

Дека оваа група делува синхронизирано, покажува и фактот што пред некој ден, на 29.02.2024 година пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ. Миле Лефков има прес конференција против Стево Пендаровски од која наративот пласиран од Лефков се преселува на овие профили кои ги димензионираат нападите користејќи навреди, лаги, како и говор на омраза.

Имајќи ја предвид нивната „случајна“ координираност, порталот Actuale.mk прашува дали зад овие профили стои опозициската ВМРО-ДПМНЕ? Дали ВМРО-ДПМНЕ стимулира говор на омраза против своите политички опоненти на социјалните мрежи? Дали ВМРО-ДПМНЕ стимулира и охрабрува антизападни наративи на социјалните мрежи и на крајот, дали се свесни во ВМРО-ДПМНЕ дека на овој начин создаваат дополнителен раскол по етнички линии и предизвикуваат нетрпеливост на етничка база?

Нападите, навредите, лажните вести, се чини и овие избори ќе бидат неодменлив дел на црната кампања на ВМРО-ДПМНЕ, нешто што во последните години се чини стана заштитен знак на оваа политичка партија.

Треба да знаете
Moже да ве интересира