Автомобилот на судијата Ѓоко Ристов изгоре во пожар, истрагата ги утврдува причините

Автомобилот на судијата Ѓоко Ристов изгорел во пожар што избувнал ноќеска, а надлежните институции започнаа истрага за да ги утврдат причините и околностите под кои дошло до инцидентот. Случајот предизвика големо внимание во јавноста, особено затоа што се случи непосредно откако неговата сопруга , државната правобранителка Симона Зориќ – Ристова, даде интервју за новинарот Васко Ефтов.

Според првичните информации, пожарот избувнал во текот на ноќта и целосно го зафатил возилото. На местото интервенирала противпожарната служба, која го изгаснала пожарот, по што увид извршиле екипи на Министерството за внатрешни работи и јавен обвинител.

Во оваа фаза од истрагата не е соопштено што го предизвикало пожарот. Надлежните институции ќе треба да утврдат дали станува збор за технички дефект, самозапалување или за евентуално намерно предизвикан пожар. Од МВР засега не излегуваат со дополнителни информации додека траат истражните дејствија.

Инцидентот се случува во период кога судијата Ристов е во фокусот на јавноста поради повеќе актуелни предмети, а дополнително внимание привлече и интервјуто што неговата сопруга го даде за новинарот Васко Ефтов непосредно пред пожарот. Засега, сепак, нема официјални информации дека постои каква било поврзаност меѓу овие настани.

Најчитано