Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бајден ѝ го честита на Османи на Денот на независноста на Косово: САД и Косово споделуваат стабилно пријателство и партнерство

Американскиот претседател Џо Бајден испрати писмо до претседателката на Косово, Вјоса Османи, со честитки по повод 16-годишнината од независноста на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во писмото, кое преку соопштение за медиумите го пренесе Кабинетот на Османи, Бајден вели дека САД го поддржуваат мултиетничко Косово интегрирано во европските и евроатлантските структури.

Американскиот претседател порача дека САД исто така го поддржуваат дијалогот олеснет од Европската унија за постигнување сеопфатен договор за нормализација со Србија, како чекор напред кон конечното меѓусебно признавање.

-Косово и САД споделуваат стабилно пријателство и партнерство засилено со заедничката визија за помирен, побезбеден и попросперитетен регион. САД силно го поддржуваат мултиетничко Косово и неговата интеграција во европските и евроатлантските институции. Ние, исто така, продолжуваме да ги поддржуваме напорите за дијалог олеснети од ЕУ за постигнување сеопфатен договор за нормализација со Србија – важен чекор кон конечното меѓусебно признавање. Заедно со државите од регионот и ширум светот, Соединетите Држави го охрабруваат косовското раководство да ги исполни сите свои обврски, вклучително и сите минати договори постигнати преку овој процес, се вели во писмото на американскиот претседател до неговата косовска колешка.

Бајден вели дека и оваа година САД очекуваат да продолжат да работат заедно со Косово за економски раст, зајакнување на демократските институции и унапредување на владеењето на правото.

-Се радувам на нашата континуирана соработка за безбедност и заеднички напори за унапредување на неопходните реформи за на крајот да се постигне целта на Косово за интеграција во ЕУ, се вели во писмото на Бајден до Османи.

Треба да знаете
Moже да ве интересира