Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бајден: Договореното на КОП28 е историски камен-темелник за транзиција кон чисти извори на енергија глобално

 Договореното на КОП28 е историски камен-темелник за транзиција кон чисти извори на енергија глобално. Лидерите на климатската конференција на ОН, КОП28 за првпат се заложија на транзиција од фосилни горива што ја загрозуваат нашата планета кон чиста енергија. Се заложија за трипати повеќе обновлива енергија глобално до 2030 година, соопштија од Белата куќа.  

Оттаму укажаа дека откако пред осум години светот во Париз се заложи да се одговори на климатските промени за заштита на планетата, администрацијата на претседателот Џо Бајден работи на борба со климатската криза дома и во странство. 

-Со осигурување на најголемата инвестиција во историјата на светот, со отворање на пробиви во чиста енергија за работа на чиста економија и создавање илјадници нови работни места, и со повикување до светските лидери да се подигне нашата колективна амбиција, изјави претседателот на САД.  

На климатската конференција КОП28 на ОН во Дубаи, ОН денеска истакнаа дека е направен исчекор со договор што сигнализира „почеток на крајот“ на ерата на фосилните горива, со поставање основа за брза, праведна и непристрасна транзиција кон производтсво на чиста енергија. 

Од Белата куќа укажаа дека сѐ уште има многу да се работи за постигнување на целта за намалување на температурата до 1,5 степени Целзиусови, и „денешниот исход нѐ става на чекор поблиску“ кон таа цел. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира