Белоруска туристка пронајдена почината во хотел во Охрид

Педесет и тригодишна туристка од Белорусија утрово била пронајдена почината во хотел во Охрид.

Случајот бил пријавен во СВР Охрид во 7:45 часот. Починатата е идентификувана како И.Т. (53) од Белорусија.

На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, чиј лекар ја констатирал смртта.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатата туристка е предадено на обдукција, со која треба да бидат утврдени причините за смртта.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Каква тастатура користите на мобилниот телефон?