Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Битиќи: Од опозициската партија не видовме ниту еден збор за програмската понуда

„Од опозициската партија не видовме ниту еден збор за програмската понуда, освен нивниот слоган ‘Македонија повторно твоја’“, посочи вицепремиерот и коносител на листата во ИЕ2 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Фатмир Битиќи во дебатата на „Само вистина“ со пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска.

Тој во дебатата рече дека нема да прекине да зборува за ксенофобијата и албанофобијата на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи нивната реторика не носи добро за граѓаните.

„Ги споменувате албанчињата. Ова е едно момче од Ченто, од Студеничани кое заврши претепан од група на ваши симпатизери. Брутално претепан од 15 деца, тој и негово другарче“ рече Битиќи покажувајќи фотографии од претепаните момчиња.

Тој додаде дека дека треба да се внимава со терминот „повторно твоја“, бидејќи ова е наша Македонија, на сите.

„Убаво ќе беше вашиот слоган да биде Македонија повторно наша, а не Македонија повторно твоја“ рече Битиќи.

Треба да знаете
Moже да ве интересира