Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Битиќи: Се што ветивме исполнивме, дури и повеќе од тоа, затоа нашата програма е реална и остварлива

„Главниот аргумент во креирањето на програмата заеднички на сите различни и функционери и членови на СДСМ кои што учествуваа во креирање на програмата беше да одговориме на потребите на граѓаните и водени од тоа нашата програма е одговор на нивните потреби. Јас нема да се согласам со вашата констатација затоа што морам да кажам дека тоа што го направивме изминатите четири години особено во сегментот на економија и подобрување на квалитетот на живеење не занемарувајќи ги околностите под кои сето тоа се случуваше ни одат во полза на ветувањата. Ние од 2020 година скоро се’ што имаме ветено по основ подобрување на квалитетот на живот, подобрени приходи за сите работни места во јавниот или во приватниот сектор имаме постигнато, дури направено и повеќе“, рече Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на парламентарната листа на СДСМ во ИЕ 2, во Вин Вин на ТВ Телма.

Тој се осврна на неколку работи. Ние во 2020, бев во слична ситуација кога ја правевме програмата, рече Битиќи, тогаш опонентите ни кажуваа дека тоа е скоро невозможно да се постигне минимална плата од 20 000 денари, ние не дека ја постигнавме минималната плата од 20 000 денари туку отидовме на 22 500 со системско решен момент на постигнување на тоа, дополни тој.

„Дополнително од просечна пензија некаде 12 000 денари стигнавме на 19 900 денари просечна пензија иако ветувањето беше дека ќе имаме просечна пензија од 18 000 денари. Просечна плата во државата, ветеното беше дека ќе стигнеме некаде околу 30 000 денари, денеска сме стигнати на 40 000 денари што е скоро 30% над ветеното. И затоа сето тоа што го имаме направено ни дава доволно во овој четиригодишен период имавме доволно прилика да видиме кои се реалните состојби и на приватниот и на јавниот сектор и на трошењето на буџетот и сите средства, проекциите се базирани врз реалните можности дека сево ова што го предвидуваме во програмата ќе биде постигнато“, порача Битиќи.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново