Битиќи: Силјановска треба да даде одговори за многу отворени прашања

„Најбитно ќе биде во наредниот период од две недели, за кандидатот за претседател на опозицијата дали овие максимални резултати ќе ги зачува и тоа ќе влијае на парламентарните, или ќе ги изгуби, заради сѐ уште отворени прашања за кои нема одговор. Нема одговор кон ксенофобијата која е појавена, за што таа треба да даде одговор“, рече Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и носител на листа во ИЕ 2 на ТВ 24.

Битиќи посочи дека граѓаните заслужуваат да знаат кој е планот на Силјановска и на партијата што ја поддржува.

„Да објасни кој е планот, што ќе понуди на граѓаните и тоа ќе биде пресудно. Очигледно е дека корпусот на дисперзирани гласови кај другите кандидати е преголем и таа мора да добие повеќе гласови, за да биде избрана за претседател. Затоа овие денови ќе бидат пресудни“, рече Фатмир Битиќи на ТВ 24.

Тој се осврна на изјавата на кандидатката Силјановска, која за двојните носители на СДСМ, Спасовски и Битиќи, рече дека е невозможно двајцата да бидат бр. 1, и дека сакаат да направат Франкештајн од тоа.

„Тоа е до не прифаќањето на различноста или не сфаќањето дека можат двајца со различни во етнички балон да бидат заедно“, посочи Битиќи.

Треба да знаете
Moже да ве интересира