Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Битиќи: Стратешките инвестиции во енергетиката обезбедуваат поевтина струја за граѓаните во наредните 25 години

За прв пат се случува една влада да води разговори за инвестиции во енергетиката на институционален начин, наспроти било која друга влада до 2017 година, која што разговорите ги водела вонинституционално, истакна вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „Топ тема“ на Телма.

„Вонинституционално, за јавноста, значи, да се соберете во еден кафиќ и да разговарате за иднината на вашите проекти или во некоја Палата“, потенцираше Битиќи.

Тој појасни дека институционалниот начин значи водење на преговори за бенефит на државата и на граѓаните.

„Во институционалните преговори, кога две и пол години преговарате институциите се вклучени, не човекот. Битна е институционалната меморија, битно е кој од институциите бил вклучен и какви мислења во тој период се дадени. Сите закони коишто имаат отидено во Собраниска процедура се поткрепени со мислење од релевантните институции за коишто законот изискува да се донесат“, посочи Битиќи.

Стратешките инвестиции и законите кои треба да се донесат за да се имплементираат енергетските проекти се донесени врз основа на стратегијата за енергетска независност, а не според апетитите на една Палата, рече Битиќи, и само така се брани интересот на граѓаните и иднината за нашите деца, дополни тој.

„Се додека јас и оваа проевропска влада е на власт Девствените Острови не е држава од која сакаме да имаме инвеститори“, потенцира вицепремиерот задолжен за координација со економските ресори во Владата, Фатмир Битиќи.

Во однос на гасната електрана на Митилинеос, на соларната алектрана со агриволтаици Стипион, како и на другите две инвестици во енеретски капцитети, Битиќи укажа на фактот дека се направени договори со коишто за граѓаните се обезбедува поевтина струја за наредните 25 години.

„Вистина е дека сме испреговориле модел којшто гарантира поевтина цена. Формулата којашто сме ја испреговарале гарантира поевтина цена“, потенцираше Битиќи.

Треба да знаете
Moже да ве интересира