Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Боцевски рекол дека Силјановска е нормален кандидат, Маричиќ му одговорил дека соработник на Иванов не може да оценува кој е нормален кандидат

Поранешниот вицепремиер за европски прашања, Ивица Боцевски во разговор со актуелниот вицепремиер Бојан Маричиќ го навредувал претседателот Стево Пендаровски и сугерирал дека само Гордана Силјановска Давкова е нормална кандидатка за претседател.

Тие двајца се сретнале во канцеларијата на ДИК, каде што биле да дадат своја поддршка за претседателските кандидати.

„За Силјановска, нормално, за нормалниот кандидат и за кандидатот кој што може да извади лекарско за пресметливост и за нормална психофизичка состојба”, рекол Боцевски во намера да објасни зошто дал поддршка на Силјановска.

Маричиќ на тоа му одговорил дека соработник на Иванов не може да оценува кој е нормален кандидат и кој не, а дека единственото нормално во случајот е да се даде поддршка за докажан претседател и кандидат како што е Стево Пендаровски.

Треба да знаете
Moже да ве интересира