Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Британските власти обвинија шесто лице за шпионирање во корист на Русија

Велика Британија покрена обвинение против шестото лице осомничено дека е руски шпион, соопшти Државното обвинителство.

„Тихомир Иванчев (38) ќе биде обвинет за здружување поради собирање, снимање, објавување или пренесување документи или информации кои би можеле да бидат или биле наменети да бидат директно или индиректно корисни за цели штетни за безбедноста и интересите на државата“, рече Ник Прајс, шеф на Одделот за специјални криминали и борба против тероризмот на Државното обвинителство.

Според него, уште пет лица, тројца мажи и две жени, се обвинети во септември 2023 година за идентично кривично дело „завера поради собирање информации кои директно или индиректно му биле од корист на непријателот за цели штетни за безбедноста и интересите на државата“ во периодот меѓу 30 август 2020 година и 8 февруари 2023 година.

„Обвиненијата следат по истрагата која ја спроведе Командата за борба против тероризмот на Метрополитанската полиција. Кривичната постапка против шесте лица е активна и секој од нив има право на правично судење“, истакна Прајс.

Иванчев денеска ќе се појави пред судот за прекршоци во Вестминстер, додека судењето на останатите осомничени е закажано за 28 октомври 2024 година во Централниот кривичен суд.

„Сите шестмина обвинети се бугарски државјани“, наведува Државното обвинителство.

Треба да знаете
Moже да ве интересира