ЦИВИЛ повикува на итен прекин на огнот во Појасот Газа, деблокада на хуманитарната помош и одговорност за воените злосторства против цивилното население на двете страни

Со нападот на терористичката организација Хамас во Појасот Газа, се отвори уште едно воено жариште во светот кое му се заканува на светскиот мир и поредок. Бомбардирањето на болница и училиште во кое загинаа над 500 цивили, меѓу кои и голем број жени и деца е спротивно на Женевските конвенции и претставува воено злосторство.

ЦИВИЛ повикува на итен прекин на огнот и целосно отворање на сите патишта за хуманитарна помош за настраданото население во Појасот Газа.

ЦИВИЛ упатува најостра осуда за терористичкиот напад на Хамас во Израел, каде што брутално беа убиени 1.300 луѓе, меѓу кои и жени и деца, а киднапирани беа околу 200 луѓе, меѓу кои и странски државјани.

Хамас е одговорен за воени злосторства и киднапирање, со што целосно се разобличи секакво тврдење дека се бори за права и правда, туку дека е брутална терористичка организација и ништо повеќе.

Истовремено, ЦИВИЛ упатува најостра осуда и протест до израелската влада која е одговорна за неселективното бомбардирање и убивање цивили, уништување на критичната цивилна инфраструктура, егзодусот на 1,1 милион луѓе што го нареди под закана со оган, како и за целосната блокада на снабдувањето на два милиони луѓе со храна, гориво, електрична енергија, вода и лекови.

Со ова, станува очигледно дека Израел не води војна само против Хамас, туку против палестинското население во целост. Тоа е неприфатлива политика и заслужува крајна осуда и протест.

ЦИВИЛ повикува на мир и помирување, заштита на човековите права и почитување на меѓународните договори за заштита на населението во услови на војна. Масакрот мора да престане и да му отстапи место на дијалогот.

Треба да знаете
Moже да ве интересира