Демири: СДСМ ќе ја внесе Македонија во ЕУ, а не Дафина од Гостивар

„За сите оние социјалдемократи, денеска 27 април ги прашувам – Ќе се вратиме на режим? Ние, вие и нашиот Социјалдемократски сојуз на Македонија го прифативме резултатот од првиот круг, но нашиот слоган што вели? Не се откажуваме од иднината. Веруваме во визијата на овие четири букви – СДСМ. Тие се букви коишто ја направија земјата-членка на НАТО. Тие се буквите кои ги започнаа преговорите со ЕУ, слободата на изразување во општеството. Тоа се букви кои ги зголемија платите, пензиите и што се соочија со многу кризи како економската, енергетската, пандемијата и многу повеќе работи коишто во минатото не беа ни во план за дискусија, а камо ли за нивна реализација. Тие букви ќе ја внесат земјата во ЕУ, а не Дафина од Гостивар. Тоа ќе го оствари Славјанка Петровска со мене, Ема и сите други“, рече Агрон Демири, коносителот во изборната единица со број 6 на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Гостивар.

Тој додаде дека СДСМ ги слуша и ги прифаќа забелешките на граѓаните.

„Сите коишто мислат дека во Македонија се’ уште има надеж, тие сме ние младите и сите останати во општеството, како пензионерите и сите други другари наши. Затоа ве замолувам седнете и разговорајте со сите и земете ја програмата на СДСМ. Имате простор за кандидати за пратеници во Гостивар и бидете сигурни дека иднината е во ваши раце“, потенцираше Демири.

Тој заклучи дека од вчера СДСМ почна од нула и дека на 8 мај ќе има многу подобри резултати.

Треба да знаете
Moже да ве интересира