Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Деспотовски: На секое евро вложено од државата во инвестицијата на Митилинеос, назад ќе се слеваат помеѓу 2,5 и 3 евра

„Финансиската поддршка од државата со Предлог законот и Договорите е дефинирана на 17% што на предвидена инвестиција од 290 милиони евра изнесува нешто под 50 милиони евра. И веднаш ќе кажам дека компанијата е обврзана уште по првиот ден да ги плаќа сите давачки кон државата, вклучително придонеси за вработените, персонален данок и данок на добивка. Значи нема никакви ослободувања“, вели директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски за „24 инфо“ во врска со енергетската стратешка инвестиција за изградба на конегергетивната централа на Митилинеос.

Како што истакнува тој, само по оваа основа, согласно деловниот план доставен за 30 години, државата ќе приходува помеѓу 120 и 150 милиони евра, односно на секое евро вложено во проектот во буџетот на државата ќе се слеат помеѓу 2,5 и 3 евра.

„Во изминатиот период со новиот пристап на работење што го воведовме пред три години, успеавме износот на инвестиции да биде значително поголем во однос на минатата декада а при тоа обврските на државата за финансиска поддршка да ги преполовиме, а во некои случаи и да ги намалиме за повеќе од 60% во однос на она што било пракса претходно кога странските инвеститори биле ослободувани од сите давачки а добивале помош“ рече Деспотовски.

Директорот на ТИРЗ кажа дека само минатата година во буџетот се слеани близу 75 милиони евра, а државата има исплатено помалку од 20 милиони евра државна помош.

Митилинеос ќе плаќа 7 милиони евра закуп за користењето на земјиштето во „Железара“

„Во однос на користењето на земјиштето сакам да напоменам дека со Договорот Компанијата се обврзува да плаќа 2 евра по метар квадратен годишен надомест, или вкупно само по овој основ државата ќе приходува 7 милиони евра. Тоа се 7 милиони евра повеќе од нула колку што државата приходувала, односно не приходувала, откако овој поранешен индустриски капацитет престанал да работи“, посочува директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски за „24 инфо“ во врска со енергетската стратешка инвестиција за изградба на конегергетивната централа на Митилинеос.

Тој додаде дека со овој проект конечно државата ќе стави рака на имотот, односно земјиштето кое им припаѓа на сите граѓани имајќи предвид дека во не така дамнешно минато имало различни интереси и обиди тоа земјиште да премине во приватни раце.

„Предноста на локацијата е што инфраструктурата веќе постои, а стратешкиот инвеститор се обврза да го изгради капацитетот и целосната потребна инфраструктура и мрежа. Обврска на државата е да изгради само пристапен пат од 500 метри“, објаснува Деспотовски.

Стратешката инвестиција на гасна конегертивна централа треба да обезбеди намалување на топлинската енергија за најмалку 40%.

Тоа ќе ги намалу цените на парното греење во Скопје и директно ќе влијае на зголемување на интересот на граѓаните, особено оние кои некогаш се исклучиле, повторно да се приклучат на мрежата.

Треба да знаете
Moже да ве интересира