ДИК: Излезноста до 13 часот е 26,35%, поднесени 140 приговори

Според податоците на ДИК за излезноста до 13 часот од 1720 избирачки места 229.803 гласачи го оствариле своето право на глас или 26.35%. 

Како што изјави претседателот на ДИК, Александар Даштевски, најголема излезност од добиените податоци за излезност има во Новаци или 42,87%, а најмала во Врапчиште со 10,18%.

Во ДИК пристигнале 140 приговори за заштита на избирачкото право, од кои 16 приговори се усвоени, 8 приговори се отфрлени како неуредни, а 9 се одбиени.

Треба да знаете
Moже да ве интересира