ДУИ изгуби еден пратеник, а коалицијата Вреди го доби во шестата изборна единица, покажуваат неофицијалните резултати.
ВМРО-ДПМНЕ не доби пратеник плус и состојбата со пратениците во ДУИ во петатта изборна единица нема да се смени.
Ова се првичните неофицијални резултати од прегласување во шест изборни места денес во петата изборна единица, како и на едно избирачко место во шестата изборна единица.
Во 21 часот Државната изборна комисија ќе има прес-конференција на која ќе извести за официјалните информации од денешното прегласување во 5-та и 6-тата изборна единица.
Според последните ажурирани податоци на Државната изборна комисија (ДИК), излезеноста на седумте избирачки места до 18:30 часот беше 55,10 проценти.