Во последното деноноќие во два одвоени случаи настрадале двајца малолетници кои возеле електричен тротинет.
На 24.05.2026 во ОВР Неготино, e пријавено дека околу 14:00 часот на крстосница од улица „Климентова” и улица „Дојранска” во Неготино, 16-годишник од Неготино, управувајќи електричен тротинет паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 16-годишникот, констатирани во Општа болница Кавадарци. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино.
На 24.05.2026 во 12:25 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во с.Зајас, кичевско, на локален пат за „Нова населба” се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено” со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ф.Џ. (32) од с.Горно Строгомиште, кичевско и електричен тротинет, управуван од 15-годишник од с.Зајас. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицински центар Кичево. За настанот е известен јавен обвинител, а извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
