Две повозрасни лица биле физички нападнати на подрачјето на Кисела Вода, информира Министерството за внатрешни работи.
Според полицискиот билтен, на 3 јуни во 20:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека Т.Ј. на возраст од 82 години и М.А. на возраст од 73 години биле физички нападнати од Д.А., 39-годишен скопјанец.
Сите лица наведени во пријавата се од Скопје. Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Засега нема дополнителни информации за причините за нападот, ниту за евентуални повреди кај нападнатите лица.
