Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Две лица уапсени во Германија под сомнение дека планирале саботажи, вклучително и против воени објекти на САД

Две лица со двојно германско и руско државјанство се уапсени во Германија под сомнение дека планирале саботажи, вклучително и против воени објекти на САД, со цел да ја поткопаат воената поддршка за Украина, соопштија германските обвинители.

Властите ги претресоа домовите и работните места на двајцата осомничени, кои се обвинети дека работеле за странска разузнавачка агенција, се вели во соопштението.

Еден од осомничените, идентификуван од властите како Дитер С., од октомври 2023 година разговарал за можни заговори со лице поврзано со руското разузнавање, се вели во соопштението. Дитер С. бил подготвен да изврши бомбашки напади и подметнување пожари врз воени објекти, вклучително и оние со кои управуваат американските сили, прецизираше обвинителството.

Според магазинот Шпигел, објектите ја вклучувале воената база Графенвоер во јужната провинција Баварија, каде што украинските војници се обучуваат да користат американски тенкови Абрамс.

Руската амбасада во Берлин не одговори веднаш на барањата за коментар.

„Акциите беа особено насочени кон поткопување на воената поддршка што Германија и ја дава на Украина против руската воена агресија“, се вели во соопштението на германските обвинители.

Зачлени се на нашиот е-билтен