Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Една година Рацин.мк

На денешен ден, точно пред една година, Рацин.мк ги објави првите содржини со намера да си го заземе своето место во исклучително густиот онлајн медиумски простор.

Среќни бевме и тогаш и денеска што порталот бргу ја пронајде својата публика, или можеби, без да звучи нескромно, публиката најде место на кое може да се прочитаат нформации, длабински анализи и други медиумски формати коишто, во светот преплавен со дезинформации, се содржини на кои ќе им верува.

Со досега објавените над 14.500 содржини се трудевме да ги исполниме целите што си ги поставивме и нашиот новинарски интерес да го фокусираме на консолидацијата и развојот на демократијата и демократските процеси, да потсетуванме на потребата за зајакнување на капацитетите на институциите како сервис на граѓаните, за непоколебливата поддршка и унапредување на концептот за општество еднакво за сите и за интеркултурализам, за социјална правда, за нашето место и придобивки во НАТО и учеството во забрзување на евроинтеграциите и регионалните прогресивни иницијативи, за поддршка на критичкото јавното мислење, за улогата на медиумите, граѓанското општество, за навременото укажување на заканите од авторитаризам…

Рацин.мк им благодари на членовите на редакцијата, на колумнистите и другите аналитичари што ни се придружија, на сите секојдневно вклучени во продукциската поддршка, на сите соработници од дигиталниот тим за поддршка, на сите останати во поширокиот тим што помогнаа да изградиме топла и работна атмосфера за работа.

Посебна благодарност на иницијаторите и инспираторите на концептот на Рацин.мк и на сите што помогнаа идејата да се претвори во тоа што е денеска порталот и што ни ја дадоа довербата да учествуваме во нејзината реализација.

365 дена Рацин.мк со вас! Вашата доверба е наша мисија. Ви благодариме!

За многу години.

Треба да знаете
Moже да ве интересира