Еден човек загина во напад со нож на фреквентен лондонски пазар, а други две лица се повредени, соопшти полицијата.
Метрополитенската полиција уапси маж на возраст од 60-ти години по нападот со нож на Ист Стрит Маркет, кај Walworth Road во јужен Лондон.
Еден маж починал на местото на настанот, додека маж и жена се пренесени на лекување во болница. Полицијата соопшти дека чекаат информации за нивната состојба.
Нападот не се третира како тероризам, соопшти полицијата, додавајќи дека не бараат дополнителни лица во врска со нападот.
Командантот Питер Стивенс рече: „Трагично, еден човек го загуби животот утрово, а полицајците работат напорно за да утврдат што точно се случило и да му дадат поддршка на неговото семејство. Моите мисли и искрено сочувство се со нив и со останатите повредени“
„Нашата истрага е во многу рана фаза. Еден човек беше брзо уапсен од полицајците кои реагираа на инцидентот. Во моментов, иако истрагите се во тек, никој друг не се бара“
„Инцидентот не се третира како тероризам. Истрагите продолжуваат, предводени од посветени детективи од Специјалист за криминал“
„Сакам да им се заблагодарам на оние луѓе кои веќе ги споделија своите видувања за она што го видоа со полицијата. Ги повикувам сите што имаат информации или снимки, или кои било сведоци допрва да разговараат со полицијата, да стапат во контакт“.