Првите електрични воздушни такси возила полетаа над Њујорк, најавувајќи нова ера во урбаниот превоз

Во Њујорк за првпат беа изведени тест летови на електрични воздушни такси, со што започнува демонстрациска фаза на технологија што во иднина треба да овозможи брз воздушен превоз меѓу клучни точки во градот, вклучително и релации меѓу Менхетен и аеродромот „Џон Ф. Кенеди“, јавуваат американски и меѓународни медиуми.

Според информациите, летовите ги изведува компанијата „Joby Aviation“ со електрични летала со вертикално полетување и слетување (eVTOL), кои функционираат како комбинација од хеликоптер и авион. Леталата се дизајнирани да превезуваат повеќе патници, а нивната цел е значително да го скратат времето на патување во урбаните средини.

Тестирањата се дел од поширок пилот-програма за интеграција на новата генерација воздушен транспорт во градскиот сообраќај, а американските власти и партнерските компании најавуваат дека во иднина вакви летови би можеле да станат комерцијална услуга.

Проектот се смета за еден од најамбициозните обиди за воведување воздушни такси во мегаполиси, со фокус на намалување на сообраќајните гужви и време на патување, како и на развој на целосно електричен и поодржлив транспорт.

Во оваа фаза летовите се ограничени на тестирања, а експертите предупредуваат дека пред комерцијална употреба остануваат регулаторни и безбедносни процедури што треба да се исполнат.

Зачлени се на нашиот е-билтен