ЕУ: Шмит треба да ги користи своите овластувања само како последно средство

Високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, треба да ги користи своите извршни овластувања само како последно средство против непоправливи незаконски дејствија, соопшти Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) во врска со одлуката на Шмит да наметне измени во Изборниот закон nа БиХ.

Во соопштението на ЕЕАС се наведува и дека од властите во БиХ се очекува да ги спроведат неопходните реформи за да се обезбеди спроведување на изборите во согласност со европските стандарди, преку спроведување на препораките на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР), како и соодветните препораки на Венецијанската комисија.

Од властите се очекува да обезбедат транспарентност во финансирањето на политичките партии.

– Европската унија силно препорачува Парламентот на Босна и Херцеговина да преземе одговорност и да ги усвои овие реформи, бидејќи лидерите на државната коалиција се обврзаа да го сторат тоа навреме за имплементација за време на општинските избори во октомври, се наведува во соопштението.

Најавено е дека опсежниот меѓународен надзор е неспоив со европската иднина на БиХ и дека од сите актери се очекува да се однесуваат одговорно и да покажат воздржаност во наредниот период.

– По одлуката на Европскиот совет за отворање на пристапните преговори, ЕУ ќе продолжи да работи со властите на БиХ со цел да напредува на европскиот пат, се додава во соопштението.

Треба да знаете
Moже да ве интересира