Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Еве што изјави Тошковски кога телохранител на Мицкоски тепаше негов колега, полицаец на должност

СДСМ денеска обзнани дека полицаецот Ивица Бисовски, кој беше дел од обезбедувањето на Христијан Мицкоски, и кој тепаше друг полицаец пред кафе барот Мош во Скопје, министерот за внатрешни работи Тошковски го ослободил од одговорност.

„Јавноста уште еднаш ќе се увери дека со Мицкоски и Тошковси нема ниту правда, ниту одговорност за блиските до ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е уште еден, нов скандал поврзан со работата на министерот Панче Тошковски и МВР. Се враќа МВРО-ВМРО на голема врата“, беше истакнато на прес конференцијата.

Од СДСМ потсетија дека „сериозниот инцидент, се случи во февруари 2024 година, а натепан беше полицаец, инспектор во НТШ додека спроведувал акција против трговија со дрога“.

Еве што изјави Тошковски на 19 февруари, откако беше утвтрдено дека лицето што тепаше полицаец на должност е телохранител на Мицкоски.

„Во согласност со информациите што ги имам добиено, тоа лице ќе биде суспендирано од работа сѐ до донесување правосилна пресуда, а таа ќе биде донесена во рамките на постапка по наредба на јавен обвинител, а МВР, се надевам, во текот на овој ден ќе поднесе кривична пријава за напад на службено лице. Во однос на МВР таа постапка е експресно завршена како никогаш досега“, одговори министерот.

Тошковски додаде дека веднаш го осудил овој случај, особено што, како што рече, станува збор за насилство од припадник на МВР.

„Во делот на тоа дека предметното лице попречувало одредена акција при нејзино спроведување, тоа е неточно. Предметното лице, кое сторило напад на службено лице, влегло во акција откога акцијата на службените лица во предметниот објект е завршена. Гледам некои инсинуации во јавноста, мора да сме јасни и прецизни. Сторено е насилство, сторен е напад на службено лице“, објасни тогаш Тошковски и дополни дека секој што згрешил, ќе одговара пред законот и само така ќе се постапува во иднина.

Но денеска СДСМ објави дека Ивица Бисовски, кој беше дел од обезбедувањето на Христијан Мицкоски, и кој тепаше друг полицаец пред кафе барот Мош во Скопје, министерот за внатрешни работи Тошковски го ослободил од одговорност.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново