Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Европарламентот усвои Извештај со кој бара укинување на ветото при гласањето за проширувањето на ЕУ

 Европскиот Парламент денеска усвои извештај во кој се залага за поширока примена на гласањето со квалификувано мнозинство во процесот на проширување на Европската Унија.

Извештајот за продлабочување на интеграцијата во ЕУ со поглед на идното проширување беше усвоен со 305 гласа „за“, 157 „против“ и 71 воздржан.

„Европските институционални реформи треба да ја зголемат способноста на ЕУ да дејствува и да вклучат поедноставени и поефикасни процедури за донесување одлуки, оддалечувајќи се од едногласното одлучување“, се наведува во Извештајот.

Европратениците во извештајот посочуваат дека „гласањето со квалификувано мнозинство треба да се спроведе во области како што се заштитата на демократијата, човековите права и владеењето на правото, финансиската рамка, санкциите и другите релевантни надворешнополитички одлуки, како што е почетокот на преговорите за Пристапување во ЕУ, отворање и затворање на поединечни преговарачки кластери и санкционирање на неуспеси, со исклучок на одлуките со кои се овластуваат воени мисии или операции со извршен мандат“.

Исто така, се додава дека е важно земјите кандидати да се усогласат со заедничката надворешна политика на ЕУ. 

Зачлени се на нашиот е-билтен