Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Фицо: Словачка ќе ја задржи забраната на одделни земјоделски производи од Украина

 Словачка ќе ја задржи забраната за одредени земјоделски производи од Украина бидејќи им штетат на словачките земјоделци, имајќи предвид дека Европската унија презема чекори за продолжување на пристапот на пазарот за уште една година од јуни, изјави денеска словачкиот премиер Роберт Фицо.

-Политиката на ЕУ во овој поглед е ужасна. Нема проблем да пропаднат земјоделците во Словачка, земја членка на ЕУ. Главната работа е што Украина е задоволна, рече Фицо во видео пост, пренесен од британските меидуми.

Тој додаде дека словачкиот претставник вчера заедно со полскиот и унгарскиот амбасадор гласал против предлогот на Европската комисија за продолжување на суспензијата на квотите и царините за украинските земјоделски производи. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира