Мицкоски со чудно задоволство зборува за чекање со децении надвор од Европа, а тоа сите нас ќе не чини прескапо, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Затоа како што кажа Филипче, СДСМ секогаш ќе биде гласен кога е во прашања обезбедувањето подобра иднина за сите граѓани.
„Гледаме дека најавата и изјавата на Христијан Мицкоски дека нема да се поместиме ни чекор и дека сме подговтени да чекаме со децении, ја кажува со некакво чудно задоволство, а таа цена сите нас ќе не чини прескапо. Затоа сме толку гласни и толку настојуваме со ова многу важно прашање за државата, затоа што суштината на политиката е да се обезбеди подобар живот на граѓаните во земјата и подобра и посигурна иднина на државата”, рече Филипче.
На прес-конференцијата, Филипче нагласи дека не може целата држава и сите граѓани да бидат заложник на политиките на ВМРО и Мицкоски со кои државата ќе ја изгуби сегашната историска можност за влез во ЕУ.
„Со Христијан Мицкоски и со ВМРО на чело на земјава, нашата земја нема перспектива, едноставно немаме иднина, немаме подобар животен стандард. Едноставно ќе не контролира една организирана криминална група, ќе се организира околу партизираните тендери, ќе ја украде европската иднина во државата. Тој план веќе се спроведува”, рече Филипче.
Тој додаде дека граѓаните на Македонија не заслужуваат државата да ја води премиер кој ги навредува и ја блокира нивната иднина, заради партиски интереси и криминал.
„Мицкоски го слушаме изминатиот период, сите граѓани што се за Европска унија ги нарекуваа со разни погрни зборови неколи, талог, медиокритети, коленичари, меко ткиво на општеството и тоа го гледаат сите луѓе тука го гледаат во Европската Унија – човекот што е професор и премиер. Ние не заслужуваме таков човек да ја води Владата. Не може сите луѓе кои што живеат во државава и државата да бидат заложник на ваквите политики”, рече Филипче.
