Филипче на Сител открива дека ВМРО – ДПМНЕ сакале да го вратат гласањето со „тријаголничина“ на Груевски и Миле Јанакиески

Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во своето гостување предупреди дека владејачкото мнозинство се обидува да протурка измени во Изборниот законик кои отвораат сериозен сомнеж за можен изборен грабеж.

Тој обвини дека власта инсистира на промени за кои нема логично објаснување ниту легитимни одговори на прашањата што ги поставува опозицијата.

Филипче откри дека барањата на власта не застанале само на промената на моделот за гласање на дијаспората, туку имало обид да се интервенира и во самиот начин на кој граѓаните го изразуваат својот избор на гласачкото ливче.

Во врска со ова, лидерот на СДСМ посочи: „ВМРО – ДПМНЕ сакаше да го смени на некој начин заокружувањето на ливчињата, освен со заокружување на бројката пред името/партијата да има и друг начин на обележување.“

Овој предлог за „друг начин на обележување“, според неговите зборови, бил веднаш прифатен како забелешка и отстранет, но самото негово предлагање остава простор за сомнеж за намерите за злоупотреба на изборниот процес.

Токму затоа ова прашање не може да се третира како техничка измена или како ситна изборна процедура. Јавноста добро се сеќава на периодот на Никола Груевски и Миле Јанакиески, кога во објавените прислушувани разговори и медиумски истражувања се споменуваше гласање со „триаголниче“ како начин за проверка и притисок врз гласачите. Тогашните објави отворија сериозни сомнежи дека формата на обележување на ливчето не била случајност, туку можен механизам за контрола на тоа кој како гласал. Затоа секој нов обид да се релативизира или прошири начинот на обележување на гласачкото ливче мора да се гледа со особена претпазливост, затоа што токму таквите „мали измени“ во минатото беа симбол на големи изборни злоупотреби.

Покрај обидот за промена на начинот на обележување на ливчињата, Филипче изрази голема загриженост и за предлогот дијаспората да гласа по пошта, нагласувајќи дека не постои никаков механизам за контрола на тој процес.

Тој го истакна апсурдот на ситуацијата каде што во државата гласачите се проверуваат со фингерпринтови и спрееви, додека истовремено се дозволува гласање по пошта без јасни безбедносни критериуми.

Според Филипче, СДСМ предложиле овие промени да се одложат и работна група од експерти да подготви соодветен модел до 2028 година кој ќе одговара на македонските услови и инфраструктура, но тој предлог бил одбиен од страна на власта.

Најчитано