Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Филипче: Не наседнувајте на оние за кои патриотизмот е единствено чукање во гради додека државата пропаѓа во изолација

Граѓаните да не наседнуваат на лажниот патриотизам промовиран од луѓето во Белата палата, симболот на криминалот и корупцијата, истакна носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, д-р Венко Филипче на вечерашниот митинг во Неготино.

„Не наседнувајте на приказните за правда од оние кои пробаа да извршат убиства во Собранието, за да не дојде до промена на власта. Не наседнувајте на лажните патриотски приказни на оние кои имаат резервна татковина, за кои патриотизмот е единствено чукање во гради додека државата пропаѓа во изолација. Тоа не е патриотизам, тоа е алатка за замајување на граѓаните“, истакна д-р Филипче.

Филипче побара одговор зошто сега на ДПМНЕ не му пречи Приштинската платформа а потроши месеци манипулирајќи ги граѓаните со некаква Тиранска платформа.

„Каде се сега истите тие кои ве плашеа со некакви странски, тирански Платформи? Каде се сега кога ДПМНЕ најавува коалиција со партиите кои се построија во Приштина и од таму праќаат политички пораки? Или сега Приштинска платформа не им пречи, туку ја повикуваат во коалиција?“, праша Филипче.

Треба да знаете
Moже да ве интересира