Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Филипче: Тие што не плашеа со Тиранска платформа, сега сакаат коалиција со Приштинска платформа

Доктор Венко Филипче, носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, на вечерашниот митинг во Неготино ги повика граѓаните да не наседнуваат на лажниот патриотизам на ВМРО ДПМНЕ.

Филипче истакна дека лажните патриоти од ВМРО ДПМНЕ имаат резервна татковина, и за нив како што рече, патриотизмот е единствено чукање во гради додека државата пропаѓа во изолација. Тоа не е патриотизам, тоа е алатка за замајување на граѓаните.

„Каде се сега истите тие кои ве плашеа со некакви странски, тирански платформи? Каде се сега кога ДПМНЕ најавува коалиција со партиите кои се построија во Приштина и од таму праќаат политички пораки? Или сега Приштинска платформа не им пречи, туку ја повикуваат во коалиција?“, рече Филипче.

Треба да знаете
Moже да ве интересира