Температурата во шпанската престолнина во моментов е околу 48 степени на сонце, додека дневниот максимум се очекува да достигне 40 степени под сенка. На сила е портокалово предупредување поради опасност од дехидрација и топлотен удар.
На термометрите изложени директно на сонце може да се забележат и значително повисоки вредности, но официјалната температура на воздухот се мери во сенка и под строго определени услови.

Фотографиите од Мадрид ја покажуваат сликата на европска метропола која во најжешкиот дел од денот го забавува својот вообичаен ритам.
