Фотографската изложба „Приспивни сирени“ на Кристина Атовска во КИЦ на РСМ во Софија

На 4 мај (четврток) 2023 од 18:00 часот, во КИЦ на РСМ во Софија, ќе биде отворена изложбата „Приспивни сирени“ на македонската новинарка Кристина Атовска.

Изложбата е составена од 50-тина фотографии во боја, снимени на военото жариште во Украина во 2022 година. Фотографиите се од местата каде што за време од тримесечниот престој на Кристина Атовска е сниман и истоимениот долгометражен документарен филм.

Фотографиите се практично сцени од филмот, а се поставени следствено како што се одвива дејствието во филмот. На почетокот, фотографиите го покажуваат окупиран Киев, преку ослободувањето на житомирскиот автопат и масакрот во Буча, до константно бомбардираниот Харков и првата линија на огнот во регионот Изјум. Цивилите и нивните секојдневија се во фокусот на овие фотографии.

За филмот „Приспивни сирени“ Атовска досега има 8 награди од меѓународни фестивали и преку 12 селекции. Домашната премиера филмот ја имаше на 27.02.2023, а светската на 21.04.2023 на фестивал на Палм Бич, Флорида.

Атовска е автор и режисер на серијал од кратки документарни филмови поврзани со КОВИД 19, а во соработка со истражувачката мрежа СКУП. Во рамки на серијалот, неколку епизоди беа целосно посветени на лицата со посебни потреби, а истиот се емитуваше на Македонската Радио Телевизија во периодот од август 2020 до февруари 2021.

Атовска беше наградена на „Годишните награди Никола Младенов 2022“ за најиновативен новинарски производ за прилогот од линијата на фронтот, насловен „Животот во рововите на првата борбена линија“ емитуван во Утрински Брифинг. Таа ја доби и наградата – плакета за Посебен придонес во професионалното новинарство за известувањето од Украина доделена од Здружението на Новинарите на Македонија.

Треба да знаете
Moже да ве интересира