Новинарските награди „Никола Младенов“ за ИРЛ, Кристина Атовска и фоторепортерката Арбнора Мемети

По конкурсот за новинарски награди „Никола Младенов 2022“, доделени се награди во повеќе категории.

 Од Македонски институт за медиуми соопштуваат: „Тимот новинарки Сашка Цветковска, Елена Митревска Цуцковска и Маја Јовановска од Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) ја доби наградата за Најдобра истражувачка сторија на годинешниот конкурс за новинарските награди „Никола Младенов 2022“, за сторијата „Нечиста крв“, емитувана на МТВ1 и на веб-страницата на ИРЛ.“

„Новинарката Кристина Атовска ја доби наградата за Најиновативен новинарски производ за репортажата од војната во Украина на тема „Како изгледа животот во рововите на првата линија на огнот“, емитувана во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.„- се вели во објавата на нивната фејсбук страна.

Наградата за Најдобра репортерска фотографија ја доби фоторепортерката Арбнора Мемети за фотографијата „’Врнежи’ од канцерогени материи во Тетово“, објавена на веб-страницата на „Дојче Веле“ на македонски јазик- пишуваат од Македонски институт за медиуми.

(СДК)

Треба да знаете
Moже да ве интересира