Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја дозна противничката во првото коло од главниот турнир на гренд слем турнирот Вимблдон.
Во главната фаза, Ѓорчевска ќе игра против Американката Анисимова.
Анисимова е шеста на ВТА листата и тенисерка која минатата сезона играше во финалето на Вимблдон.
Инаку, претходно, Ѓорчевска испиша историја откако победи во сите три квалификациски дуели од неофицијалното светско тениско првенство. Лина ги победи Фита Болуда од Шпанија со 2:0, Жорге од Португалија со 2:1 во сетови и Бронзети од Италија со 2:0.
