Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Груби: Груевски со измените во Кривичниот законик не може ни да сонува слободен да се врати во државава

Првиот вицепремиер Артан Груби смета дека експремиерот Никола Груевски не може ниту да сонува слободен да се врати во државава, бидејќи влијанието на изменетите членови од Кривичниот законик врз обвиненијата на поранешниот премиер е многу мало, пренесува Слободен печат.

„Никола Груевски со овие измени во Кривичниот законик не може ни да сонува да се врати во Северна Македонија“, изјави Груби во гостување во емисијата Клан дебата.

Изјавата на Груби доаѓа откако минатата недела поранешниот сопартиец на Груби, а сега лидер на Демократко движење Изет Меџити преку објава на Фејсбук праша:

„Дали е точно дека идната недела ќе му биде вратена патната исправа на Груевски, бидејќи со измените на Кривичниот законик тој автоматски се ослободува од одговорност за случајот ТНТ и за Траекторија, додека за другите кривични дела за кои е осуден ќе му се овозможи повторување на кривичната постапка“?

Со измените на Кривичниот законик, во членот 353, кој се однесува на злоупотребата на службената должност од страна на државните функционери, казните се намалуваат.

Груби повтори дека во моментот кога ВМРО-ДПМНЕ би гласала за уставните измени, според тој заедно со другите министри и функционери на ДУИ во истата секунда ќе поднесе оставка.

„Од прв до последен, во секунда даваат оставки и ние се повлекуваме во моментот кога ВМРО ќе притисне зелено копче за уставни измени. И, можеме веднаш да одиме на предвремени парламентарни избори или да ги оставиме да владеат 6,7,8 месеци, колку сакаат, до следните избори и да ги избркаат Албанците од влада. Се виде дека тоа е прашањето“, рече министерот за политички систем.

Треба да знаете
Moже да ве интересира