Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Груевски се закани: Се трудам да не возвратам силно како што знам

Со внатрепартиски препукувања не може да се привлечат независни гласачи, тие се привлекуваат со квалитетна понуда на проекти, порача екс премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во неговото интернет вклучување во живо.

„Треба многу конкретна понуда, многу квалитетна понуда, не како досега ако СДСМ вика А ние да викаме Б. Треба обмислени проекти, со пресметка. Ние кога ја правевме програмата во 2016 година, со недели правевме пресметки дека тоа е остварливо, а имавме уште многу други идеи. Значи, треба квалитетна осмислена понуда“, истакна Груевски.

Тој посочи дека некој во ВМРО-ДПМНЕ погрешно се пресметал ако мисли дека со напади кон него ќе може да се зголеми коалицискиот капацитет на партијата. 

„Потребна е и поголема активност на ВМРО-ДПМНЕ. Треба на тоа да се фокусираат, а не да влегуваат во вакви шеми во кој знае кој ги втурнал. Или пак се резултат на нивни проекции дека тоа ќе им создало подобар коалициски капацитет дека ќе привлекле повеќе независни гласови. Ќе привлечат повеќе независни гласачи ако дадат квалитетна понуда, ако се активни ако се борат за граѓаните а не ако чекаат некој да падне за они да дојдат на власт“, заклучи Груевски.

За прв пат вака отворено и категорично поранешниот лидер на ВМРО ДПМНЕ искажа незадоволство од неспособноста на Мицкоски и раководството на партијата во битката со актуелната власт.

„Јас со многу нивни политики не се согласував и сега не се согласувам, но не го кажувам тоа јавно за да не направам штета. Се трудам да не возвратам силно како што знам. Ги оставам да лудуваат некое време, можеби ќе им помине. Ако почнеме јас и моите приврзаници што сме незадоволни од ова раководство (да возвраќаме) тоа води во една друга насока. Овие луѓе као да сакаат да се случи тоа. Доколку се решат да се занимаваат со мене до изборите тогаш тука сум“, изјави Никола Груевски.

Поранешниот лидер Груевски во своето интернет вклучување рече дека ВМРО-ДПМНЕ не е партија само на Александар Николовски и на Христијан Мицкоски

„Партијата во мое време имаше 181.000 членови, а сега нека се пребројат колку се“, рече поранешниот лидер на партијата Никола Груевски во вклучувањето во живо на порталот Инфомакс.

Зачлени се на нашиот е-билтен