Грузискиот премиер Кобахидзе во посета на Турција

– Грузискиот премиер Иракли Кобахидзе денеска ќе пристигне во посета на Турција, јавија турските медиуми.

Кобахидзе ќе биде примен од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Ќе има и средби меѓу делегациите на двете земји. Предвидена е заедничка прес-конференција на Кобахидзе и Ердоган.

Грузиската делегација вклучува голем број министри, меѓу кои и министри за економија, одбрана, надворешни работи, образование и наука и здравство.

Кобахидзе ја презеде функцијата премиер на Грузија во февруари годинава. Тој веќе оствари неколку посети во странство.

Поранешниот грузиски премиер Иракли Гарибашвили ја посети Турција во февруари 2023 година.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?