Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Хан: Загрижен сум за ситуацијата во Северна Македонија, Договорот од Преспа мора да се почитува

Еврокомесарот за буџет и администрација Јоханес Хан го изрази својот поттик до сите вклучени, вклучително и новата влада на Северна Македонија, да го почитуваат Договорот од Преспа и да работат на европската перспектива на секоја земја, но и да им помогнат на соседните земји.

„Што се однесува до случајот со Северна Македонија, тоа ме загрижува. Можеме само да ги повикаме сите страни, особено новата влада на Северна Македонија, да се држат до Договорот од Преспа и да работат на европската перспектива на секоја земја, но и да им помогнат на соседните земји. Верувам дека оваа обврска особено на соседните земји, да им се помогне со доследни напори, ќе го поддржи целиот регион. Затоа што навистина верувам дека ако направиме одржлив чекор напред, во случајот со Северна Македонија, тоа ќе има влијание врз целиот регион, на пример на разговорите меѓу Србија и Косово, кои треба повторно да се активираат со новата Комисија“, изјави Хан.

Јоханес Хан, тогаш како еврокомесар за проширување, заедно со Фредерика Могерини, како потпретседателка на Европската комисија задолжена за надворешна политика и безбедност, беше еден од најактивните претставници на Европската Комисија за наоѓање решение за спорот со името со Грција.

Преземено од Цивилмедиа

Треба да знаете
Moже да ве интересира