Холандскиот премиер понуди да купи Патриот системи за противвоздушна одбрана од други земји за Украина

Марк Руте, холандскиот премиер и главен кандидат за преземање на функцијата генерален секретар на НАТО подоцна оваа година, рече дека треба со нови напори да се убедат земјите „седнати на големи купишта патриоти“ дека потребата од испорака на ракети земја-воздух во Украина е итна и да ги ослободат за да и помогнат да ја запре руската агресија.

Како што пренесува Гардијан, тој предходно изјави дека тој и актуелниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ги повикале сојузниците да копаат подлабоко во нивните резерви и да ги ослободат системите за воздушна одбрана за Кијив.

„Знаеме дека многу земји седат на големи купишта Патриот системи, можеби не сакаат директно да го испорачаат. Можеме да го купиме од нив, можеме да го доставиме во Украина, имаме пари на располагање. Тоа е клучно“, рече тој при пристигнувањето на самитот на лидерите на ЕУ.

Во својот буџет пред два дена, Холандија вети 4 милијарди евра воена помош за Украина во следните две години и веќе вети голем број системи Патриот, иако Руте не сакаше да потврди колку.

Запрашан за жалбата на Володимир Зеленски дека сојузниците на Израел можеле веднаш да помогнат и дека не е членка на НАТО, но Украина сè уште нема доволна поддршка за противвоздушна одбрана, тој рече:

„На Украина и треба сета воздушна одбрана што можеме да ја добиеме за нив и ѝ треба целиот капацитет на муниција, треба да го оствариме тоа“.

На Украина и се итно потребни системи за противвоздучна одбрана за да се справи со рускиот ракетен терор кој секојдневно ја уништува украинската цивилна и енергетска инфраструктура.

Како што објави украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир на социјалните мрежи на 758 ден од целосната руска агресија врз Украина, итноста на потребата да ѝ се помогне на Украина со противвоздушни средства се изразува не само со апели, зборови.

Поради ракетниот терор на руската федерација, секој ден расте бројот на жртви во Украина.

Системите за противвоздушна одбрана се складирани некаде. А би можеле веќе да спасат илјадници животи.

Драган Мишев/ЦивилМедиа

Треба да знаете
Moже да ве интересира