Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Институтот Алексис Ципрас“ и „Фондацијата Зоран Заев“ ќе организираат меѓународна конференција за Мир и одржлив развој

По повод шест годишнината од потпишувањето на Договорот од Преспа, „Институтот Алексис Ципрас“ и „Фондацијата Зоран Заев“ во Атина ќе организираат дводневна меѓународна конференција за „Мир и одржлив развој“ на која специјалниот претставник на ОН во преговорите Метју Нимиц ќе ја добие наградата за мир, т.н. „Награда од Преспа“ , јави дописничката на МИА од Атина.

Договорот од Преспа беше потпишан на 17 јуни 2018 година, а конференцијата ќе се одржи на 17 и 18 јуни во Атина и планирано е учество на политичари, експерти, премиери, поранешни претседатели, поранешни премиери и поранешни министри, еврокомесари, академици, директори на институти и сл. од Европа, Балканот и пошироко. 

Според информациите на МИА од Атина, планирано е да има осум панел дискусии, кои се однесуваат на Балканот, на регионалните случувања и улогата на меѓународните организации во промовирањето на мирот, на климатската криза и зелената агенца, на европската и грчката економија и на иднината на Европа и справувањето со екстремната десница.

Амбиција на организаторите, според истите информации е „Меѓународната конференција за мир и одржлив развој“ да стане традиционална и да се одржува во јуни секоја година на годишнината од потпишувањето на Договорот од Преспа. 

Паралелно, во рамките на конференцијата, секоја година ќе се доделува награда за мир, под име „Награда од Преспа“, а првата ваква награда, оваа година ќе му биде доделена на специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН Метју Нимиц. 

Зачлени се на нашиот е-билтен