Исчезна 52-годишен скопјанец, последен пат виден во Ново Лисиче

Полицијата трага по 52-годишен маж од Скопје кој исчезнал на 6 август, а неговото исчезнување било пријавено пет дена подоцна. Според апелите што масовно се споделуваат на социјалните мрежи, последен пат бил виден во населбата Ново Лисиче.

Од МВР потврдуваат дека на 11 август во СВР Скопје било пријавено исчезнувањето на Љ.С. (52).

„На 11.08.2026 во СВР Скопје е пријавен за исчезнат Љ.С.(52), кој според пријавителот исчезнал на 06.08.2026. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, соопшти полицијата.

Паралелно со полициската потрага, семејството и блиските преку социјалните мрежи бараат помош од граѓаните. Апелот во текот на денот го споделија повеќе граѓани и јавни личности, со повик секоја информација што може да помогне во неговото пронаоѓање да биде доставена до семејството или полицијата.

Од МВР засега не соопштуваат дополнителни детали за околностите под кои исчезнал 52-годишниот скопјанец. На официјалната страница за исчезнати лица, Министерството ги повикува граѓаните во вакви случаи да соработуваат со полицијата и да достават информации што би можеле да помогнат во потрагата.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали Владата треба да се извини за грешката со знамето во настанот за 35 г. независност?