Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ивановски: Митилинеос е лидер во Европа, со инсталирани на 2050 мегавати за електрична енергија во постројки во Грција

„Ние треба да разбереме кој ни доаѓа. Доаѓа Митилинеос, лидер во Европа, фирма што работи на пет континети. Тие работат во секторите енергетика и металургија и се најголем произведувач на алуминиум во Европа. Има 2050 мегавати инсталирана енергија во вакви постројки во Грција и имаат над 3500 вработени“, рече енергетскиот експерт и прв претседател на Регулаторната комисија за енергетика, Славе Ивановски во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека не може ваквите големи инвеститори да не чекаат ние да ги надминиме нашите фрустрации, бидејќи капиталот ќе го инвестираат на друго место.

„Ваквите големи компании се подложни на правилата кои се следени од берзите и инвестициските фондови. Ако некоја компанија влезе во коруптивна шема, тоа ќе биде хаос за нив“, истакна Ивановски.

Тој додаде дека Митилинеос и АКУО се одговорни компании кои нема да влезат во коруптивна шема, а должност и на државата е да ги заштити од такви шеми.

Најново