Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Каде е знамето на Република Северна Македонија на средбата Радев/Сиљановска Давкова и на другите средби?

Каде е знамето на Република Северна Македонија на средбата Радев/Сиљановска Давкова? Прашање кое се наметнува од фотографиите од средбата на претседателот и претседателката на Бугарија и Северна Македонија.

Кога станува збор за ваква средба на највисокот ниво на државници на две земји, прашање на официјален протокол е на средбите е стандард да бидат изложени знамињата на земјите што ги претставуваат највисоките државници.

Како што се гледа од фотографиите објавени на веб страниците на претседателката на Северна Македонија, македонското знаме го нема, а го нема и на страницата на претседателот на Бугарија. Информација за средбата нема на неговите профили на социјалните мрежи.

Како што се гледа од стедбите на Радев со претходните државници на Северна Македонија, знамето на нашата држава е веднаш до знамето на Република Бугарија.

Рацин.мк испрати прашања до кабинетите на двајцата претседатели за објаснување зошто го нема македонското знаме на средбата на Румен Радев со Гордана Сиљановска Давкова. Ги чекаме одговорите.

Јасно е дека одговорноста зошто го нема знамето на нашата држава на средбата е на бугарската страна, но, секако, прашање на реакција е на нашата страна, односно на Кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова.

Прашање е и каде и што гледале лицата задолжени за протокол и односи со јавноста во Кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова.

Знамето на Северна Македонија го нема и на средбата на министерот за култура и туризам Зоран Љутков со неговиот колега од Бугарија Најден Тодоров.

Најново