Калеска Ванчева: Милошоски да го одблокира Законот за рестриктивни мерки, а ДПМНЕ да го поддржи

„Го повикуваме пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски да не го блокира Законот за рестриктивни мерки во македонското Собрание. Предлог Законот до Собранието е доставен на 6 ти февруари, пред месец и половина. Значи месец и половина Антонио Милошоски го одолговлекува и не го става на разгледување пред матичната комисија за надворешни“, рече на прес-конференција Снежана Калеска Ванчева, пратеничка на СДСМ.

„Ако ДПМНЕ се ЗА борба против корупцијата, ќе го поддржат законот. Ако сакаат да продолжат со лажни ветувања, ќе даваат 1.000 изговори и нема да го поддржат. Последната одлуката на нашиот стратешки партнер, САД за црната лист е уште една потврда зошто итно е потребно да се донесе Законот за рестриктивни мерки. Со овој закон се создава можност сите вакви случаи наведени од нашите стратешки партнери да може да се процесираат преку домашното законодавство“, посочи Калеска Ванчева.

„Нема компромиси во борбата против корупцијата и криминалот и не смее да има дополнителни одлагања“, додаде таа.

Треба да знаете
Moже да ве интересира