Кина ќе соработува со Русија за промовирање на заедничките интереси во БРИКС

Кина планира тесно да соработува со Русија за промовирање на заедничките интереси во БРИКС и проширување на овој сојуз, изјави денеска Лиу Џанчао, шеф на Меѓународниот оддел на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина.

На 10-тиот состанок на Дијалогот на партиите Единствена Русија и Комунистичка партија на Кина, тој рече дека следната година БРИКС ќе се соочи со многу важен момент, бидејќи во сојузот ќе бидат вклучени и некои други земји.

„Подготвени сме да ја зајакнеме соработката и координацијата со руската страна за да обезбедиме БРИКС да се развива во вистинска насока по проширувањето и на тој начин да ги заштитиме нашите заеднички интереси“, рече Лиу.

Тој додаде дека Комунистичката партија на Кина, заедно со Единствена Русија, е подготвена да преземе „историска одговорност“ и да вложи заеднички напори за развој на кинеско-руските односи во новата ера. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира