Партнерите во владината коалиција делуваат како да се опозиција едно со други, додека премиерот ги смирува тензиите и повторува дека неговиот предводниците на ресорите во извршната власт функционираат „беспрекорно“.
Зоран БОЈАРОВСКИ
Шеесеттината дена откако е формирана, Владата на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ ги исполни со низа скандали за кои се препукуваат меѓусебно и, добро – со инвестиции, ама само во најава.
На претседателот на Владата Христијан Мицкоски погледот му е сѐ повеќе „заледен“ кога се обидува да го исправи тое што секојдневни го искривуваат неговите министри.
Партнерите во владината коалиција делуваат како да се опозиција едно со други, додека премиерот ги смирува тензиите и повторува дека неговиот предводниците на ресорите во извршната власт функционираат „беспрекорно“.
Но, колку и да се труди, секојдневните јавни настапи на неговите министри или високи претставници на колиционите партнери си го тераат своети и спротивното на беспрекорното.
ЗНАМ и Вреди уште од почетокот се „пукаат“ и си возвраќаат со укори и дисциплински пораки. Министерот за здравство Арбен Таравари му порача на лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски дека не му се допаѓа нивото на кое што тој комуницирал, откако Димитриевски рече дека Вреди го имитира ДУИ и дека треба да го корегираат однесувањето во Власта.
Димитриевски отиде и чекор понатаму, па рече дека ЗНАМ е партнер на ВМРО-ДПМНЕ во владата и дека Вреди е партнер на нивниот партнер со што си кажа дека кога тој би одлучувал, Вреди не би биле во владата. Од Вреди му вратија дека е само евтин популист.
Претходно кавга на релација Влен/ЗНАМ имаше министерот за јавна администрација Горан Минчев кој го рестриктираше „балансерот“, што вусшност беше една од алатките што ја злоупотребуваше ДУИ, а Вреди сака да ја задржи.
Но, ако ЗНАМ е партнер само на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, а Вреди партнер на нивниот партнер, ни меѓу другиве партнери, ВМРО-ДПМНЕ/Вреди, не цветаат рози.
Тиквата пукна со скандалите на Гаши, првиот на скопскиот аердодром, кој поголемиот партнер ВМРО-ДПМНЕ го премолча, ама не додржа за вториот.
Откако Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ соопшти за Гаши и косовската свадба дека спикерот, неговото семејство и обезбедувањето не биле евидентирани во системот и дека ќе има истрага и казни за пропустите, министерот за евроинтеграции Орхан Муртезани на својот колега министер за внатрешни работи му порача да не се занимава со случајот на Блаце, туку да се занимава со убиствата што секојдневно се случуваат во главниот град.
„Јас го разбирам и министерот за внатрешни работи кој веројатно сака да даде порака дека никој не е над законот, но ние во Скопје секојдневно имаме убиства и мислам дека главниот фокус на МВР треба да биде на борбата против секојдневниот криминал од кој ги загрозува животите на граѓаните“, рече Муртезани
И малите партнери на партнерите во владината коалиција почнаа да се препукуваат. Расправиите помеѓу Петар Богојевски од „Македонски концепт“, дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди заврши со кривични пријави од двете страни.
Беспрекорно, што би рекол Мицкоски.
Беспрекорно на сопствена штета, што би рекле сеирџиите.