Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кое е официјалното лого на Владата на Република Северна Македонија?

Кое е официјалното лого на Владата на Република Северна Македонија? Новинарите, па и поголем дел од јавноста што ги следи активностите на извршната власт е збунета и си го поставува ова прашање откако веќе некое време во дизајнот на местата определени за јавни настани и на социјалните мрежи се појавува ново лого со силуета на антиквизираната фасада на зградата на златна позадина.

Ова ново лого веќе е поставено на пејџовите на Владата на социјалните мрежи, но редизајнот, односно имплементацијата на новото лого не е завршена.

Официјалната интернет страница на Владата е сѐ уште со стариот дизајн и со логото кое како основа го имаше грбот на Република Северна Македонија.

Дека работата не им е завршена како што треба се гледа и по објавите на социјалните мрежи, на пример, каде што на соопштенијата сѐ уште се појавуваат постови и фотографии со последниот дизајн, иако профилната фотографија на социјалните медиуми е со ново лого.

Ова двојност во дизајнот на Владата се повторува и кај ресорните министерства, што остава впечаток на неконзистентност.

Инаку, Владата во претходниот состав, со посебно внимание му пријде на ова прашање и за потребите на стандардизирање на графичкиот дизајн, приказ и брендирање на Владата на Република Северна Македонија, министерствата, како и сите други организации во склоп на министерствата и други органи на државната управа беше изработена Книга на графички стандарди.

Во Книгата за графички стандарди, којашто е се’ уште активна на официјалната интернет страница на Владата, беа утврдени сите деталји, боите и типографијата, како за Владата, така и за секое министерство.

Исто така беа вклучени и насоки како се користи логото на веб-страници, на печатени и дигитални материјали и декоративен елемент на брендирани материјали поврзани со активностите на Владата или ресорните министерства.

Зачлени се на нашиот е-билтен